18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

Се асфалтира патот Битола – Новаци – Рек Битола

Започнаа активностите околу асфалтирање на регионалниот патен правец Битола -Новаци -РЕК со вкупна должина од 12 километри.

Инвестицијата е вредна 61 милион денари, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

 

“Очекуваме патот да биде завршен до септември годинава. Заеднички со ЈП за државни патишта отворивме широк фронт на работа на патиштата низ цела територија на државата. Само оваа година ќе се инвестираат преку 270 милиони евра за изградба и реконструкција на патната мрежа.  “ рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Целиот реконструктивен зафат се очекува да биде завршен најкасно за 2 до 3 месеци, а фирмата која го добила тендерот и е изведувач на градежните работи е Ескаватори.

Наскоро се очекува да се започне и со реконструкција на мостот на река Црна на истоимениот патен правец. Овие градежни работи ќе ги изведува ГП Гранит.

Би можело да ве интересира

Охрид и Еурофарм Пелистер 2 финалисти на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Пела Редакција

Крушево дезинфицира по најавата за отворање на сместувачките капацитеит

Елизабета Филипоска

(Видео) Кој е тајниот загадувач што ги труе прилепчани?!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе