ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Секаде на први јануари, а во Крушево во февруари се роди првото бебе

1.256
Додека во другите градови првото бебе се раѓа во првите минута од новата година или на 1 ви јануари, во Крушево првото бебе  се роди вчера, на 8-ми февруари.  Бебето е женско,  и Крушевчани веруваат дека годината ќе биде плодна и бериќетна.
И, како што е дел од обичјот кој неколку години наназад го  подготвуваат и негуваат учениците од  СОУ „Наум Наумоски Борче„, „Дева во чест на новото раѓање“,  првото бебе во Крушево, родено помеѓу двете Деви добива награда, парични средства кои се собираат на празникот посветен на раѓањето на Исус Христос.
СОУ „Наум Наумовски – Борче“ како организатор на манифестацијата „Дева во чест на новото раѓање“ испраќа честитки до среќните родители и желби за среќа до малата Михаела Христоска и нагласуваат дека касичката со средствата собрани од манифестацијата ќе и бидат врачени на 28-ми септември, на Денот на патрониот празник на училиштето.
Наталитетот во овој град е значително низок. Минатата година во Крушево се родиле само триесетина деца.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: