9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Создадени предуслови за изградба на новиот театар

Советот на Општина Прилеп денеска на пладне ја одржа 43 тата редовна седница. Прилепските советници изгласаа измени во распоредот на средствата во висина од 23 милиони денари од Буџетот на општината за тековната 2020 година, односно пренемена на средства од непродуктивни трошоци во субвенции за јавните комунални претпријатија. Советниците донесоа одлука за измени во урбанистичкиот план за централното градско подрачје, со што, се создадоа предуслови за изградба на новата театарска зграда во објектот на Центарот за култура Марко Цепенков.
– Денеска се донесе одлуката за детален урбанистички план за четврт 3 блок 3.13 на подрачјето на центарот од Прилеп. Со ова се создадоа услови за изградба на новиот театар во Општина Прилеп, рече Миле Талевски, претседател на Советот на Општината.
Воедно, Советот на Општина Прилеп ја прифати донацијата на Прехранбената индустрија Витаминка на противпожарно возило и придружна опрема со вредност од 814 илјади денари за потребите на Територијалната противпожарна единица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Сојузот не ги повлекува поверениците од вагите, откупот да продолжи!

Гордана Цветаноска

Тестенините поевтинуваат за 15 %, а млечните производи за 10 %

Експлозија и пожар во приватна стоматолошка амбуланта во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе