ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Стартува издавањето на „бели картони“, откупот завршува

617

Пред самиот крај на откупната сезона течат роковите за наредната 2019/20 год. Тутунопроизводителите уште годинава, имаат обврска да извадат „бели картони“ од подрачната единица на МЗШВ.

Во Прилеп со издавање на бели картони почнуваме од денеска. Процедурата за обезбедување на неопходниот документ за склучување на договори ќе трае до 31 март, а во интерес на земјоделците доколку имаат потреба подрачната единица во Прилеп ќе работи во две смени и доколку е потребно и во саботите, потенцираше Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица.

Минатата година за општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени биле издадени 10 800 евидентни листови или „бели картони“. Земјоделците, како и досега, потребно е да достават пријава, која може да ја симнат од интернет страната на ресорното министертво, имотен лист доколку планираните површини се во сопственост на подносителот на барањето, договор за закуп или за користење на земјиштето.

До денеска преземени се вкупно 25 илјади и 500 тони тутун во земјава, од кои во прилепскиот регион се повеќе од половината или 13 илјади тони, по просечна цена од 214, 3 ден. по кгр.  На две седмици пред крајот на законски утврдениот откуп на тутунот, остануваат уште неколку стотина тони кои производителите треба да го предадат во откупните компании, за таа цел од тутунското здружение „Мице Козар“ повикаа земјоделците да ја забрзаат домашната манипулација и што поскоро да ги предадат последните количества во откупните пунктови кои сеуште се отворени.

– Веќе 99 отсто од производството е откупено. Во Пелагонија се наоѓаат уште 11 ваги претежно од Алијанса и Сокотаб. Сакам да ги повикам тутунарите што побрзо да го изманипулираат тутунот, да го предадат, да не дојди да се изложат на дополнителни трошоци и по затворањето на пуктовите да го носат директно кај компаниите – откупувачи. Задоволни сме од досегашниот тек на откупот и постигнатата цена со оглед на временските неприлики за време на производната сезона. Откупувачите го презедоа целокупното количество и добивме цена која што и самите не ја очекувавме, вели Данчо Милески, претседател на Здружение на тутунопроизводили „Мице Козар“ Прилеп.

Вкупните количества на тутун, секоја година се намалуваат како резултат на тоа што младите не сакаат да ја обработуваат оваа индустриска култура која што е пример за трудоинтензивна дејност. За наредната реколта очекувањата се дека во руралниот дел на Пелагонија производството ќе бележи благ пораст, но градските средини евидентно го напуштаат тутунопроизводството велат од здружението. Вкупните количества на тутун, секоја година се намалуваат како резултат на тоа што младите не сакаат да ја обработуваат оваа индустриска култура која што е пример за трудоинтензивна дејност. За наредната реколта очекувањата се дека во руралниот дел на Пелагонија производството ќе бележи благ пораст, но градските средини евидентно го напуштаат тутунопроизводството велат од здружението.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: