ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Стеваноски: ЌЕ ВЕ ПОБЕДИМЕ!!!

1.443

Жарко Стеваноски, независниот кандидат за градоначалник на Општина Прилеп на граѓанската иницијатива „Че вреди“, до своите опоненти се обрати со изјава во која се вели:

„ЌЕ ВЕ ПОБЕДИМЕ!!!
Одамна беше времето кога личните амбиции на поединци ни изгледаа смешни поради нивната докажана некадарност. Нивните болни амбиции ги темелеа единствено на годините поминати во партиско чмаење, безидејност и страв од партиски активизам во опозиција и поради тоа беа наградени со остварување на нивните желби. Откако таквите се позиционираа на функции, се тешевме со изговорот дека некој горе не знае што прави, дека не е доволно запознат со состојбите, дека погрешно го информираат, и дека затоа ги прави “грешките” во кадровската политика, вакви невозможни. Години потоа околу “таквите” се накотија и позиционираа токму такви како нив, нестручни и некадарни.
Ним единствената улога им беше да знаат како да ги селектираат луѓето за отстрел, кои не живеат во нивната матрица на лигав полжав и на таков начин да се заштитат себеси, од кадарни, работливи и стручни кадри на кои со секој изминат ден се полесно им беше да се откажат од натпревар во будалаштини.  Затоа со тек на време станавме вакви безнадежни, обесхрабрени и аполитични. Јас во животот можам да си простам се, освен чувството дека сум дозволил некој да ме избрка од сопствениот град, од државата и дека треба да заминам затоа што купот на гласни партиски полтрони е поголем од армијата на толерантни и мирни луѓе кои тука живеат. Затоа, ова ќе го кажам сега, јасно и гласно, доволно едноставно за да може да ме разбере и најнискиот ешалон на партиски поттрчковци. Терајте си ја вашата бедна кампања како ви душа сака, тоа и нам ни одговара за да се раздвоиме еднаш за секогаш и да се видиме кој од нас за што се бори.  Во спротивно ќе дознаете што значи беда, црнила и пораз, на според нас многу полесниот начин.
Граѓаните овој пат сами ќе одлучат дали ќе изберат иднина за своите деца, во која нема да бидат принудени да потплатат и молат некој си беден локален шериф за едно заслужено вработување, решавање на некој административен проблем или да зависат од партиската наклонетост на еден или друг партиски табор.
#МногуПоминаМалкуОстана

Затоа што вашиот глас
ЧЕ ВРЕДИ!“,
стои во изјавата на Жарко Стеваноски, независен кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „Че вреди

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: