10.3 C
Прилеп
среда, 30 октомври, 2024
Пела Радио

Туристичко-угостителската комора подготвена да обезбеди 5.000 работници од Турција за спас на секторот

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори во соработка со организациите од Турција може да обезбеди 5.000 квалификувани работници кои веднаш ќе почнат да работат во домашните капацитети доколку надлежните институции овозможат нивно вработување под условите кои важат и за македонските државјани. Поради одливот на кадар во европските држави, секторот се соочува со сериозен недостиг на квалификувана работна сила што е закана за опстојувањето на голем број деловни субјекти.

„Во комуникација со секторските здруженија и организации од Турција најдовме решение за надминување на сериозниот проблем со кој се соочува туристичко-угостителскиот сектор, недостигот на квалификувана работна сила како келнери, рецепционери, собарки, кувари и имаме зелено светло веднаш да донесеме 5.000 работници, за кои нашите плати се прифатливи. Но за да може тоа да се операционализира неопходно е да се поедностават процедурите за регулирање на вработувањето на овие лица бидејќи во нашата држава постои прилично сложена процедура за засновање на работен однос со странски државјани. Сметаме дека доколку овие лица може да се вработат под истите услови како и нашите државјани значително ќе го ублажиме сериозниот кадровски проблем со кој се соочуваме“, истакна претседателот на ТУК, Аркан Керим, кој сподели и проценка дека реалната бројка на работници кои недостигаат во овој сектор се движи околу 20.000, а доколку не се најде решени постои ризик за затворање на 50-60 проценти од постоечките капацитети.

На прес-конференцијата се презентираше и втора клучна активност на Комората која треба да овозможи намалување на негативните ефекти предизвикани од мултиплицирачката криза врз овој сектор преку обезбедување на финансиска поддршка од ЕУ неповратни фондови за поставување на соларни панели и користење на други алтернативни извори на електрична енергија.

„Новото раководство на Комората во кое вклучуваме и успешни бизнисмени од секторот кои се од Америка, Австрија и Турција ќе се залага за воспоставување на директна комуникација со Европската комисија во приближување на овие неповратни фондови за финансирање на деловните субјекти во туристичкиот сектор во нашата земја. Комората ќе помогне во обезбедување на извори на финансирање, но и ќе го мониторира начинот на нивно трошење со цел оправдување на инвестицијата за соодветната цел. Дел од овие средства ќе се инвестираат и во алтернативните извори на енергија како сериозна можност која значително ќе ги намали трошоците за електрична енергија на деловните субјекти од овој сектор“, истакна Керим.

Би можело да ве интересира

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(19)

Гордана Цветаноска

Во 2024 та година конзорциумот „Бехтел и Енка“ од државата ќе добие 250 милиони евра

Пела Редакција

Во чест на светски познатиот научник д-р Анастас Коцарев, одбележување во Париз

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе