16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Исчезнат е Блаже Аљакоски од Мало Коњари, семејството бара помош

Семејството Аљакоски од Мало Коњари, прилепско, бара помош од сите добронамерни луѓе за пронаоѓање на Блаже Аљакоски на кого, од вчера 5 ти јули, му се губи секаква трага. Според информациите на неговиот син, 76 годишниот Блаже Аљакоски вчера околу 11 часот излегол од домот со велосипед во полето во атарот на Мало Коњари да договори комбајн за жетва.

„ Татко ми е со добро здравје. Тој околу 11 часот вчера заминал в поле во правец кон градската река, позади Мало Коњари, каде се жнее, за да договори комбајн и од тогаш му се губи секаква трага. Уште вчера соселаните ми кажаа дека го виделе и разговарале со него попатно додека се движел низ полето. Возел црвен спортски велосипед, носи темно плава маица со кратки ракави, тренерки и бели патики. Денеска пријавивме во полиција, а попладнево организирано ќе го бараме, “вели синот Раде Аљакоски.

Соселаните и сите добронамерни луѓе кои сакаат да помогнат денеска се организираат во обид за пронаоѓање на Блаже Аљакоски од 17  часот кај манастирчето во Мало Коњари. Сите кои можат да помогнат со информација да се јават на  078-351-722

Би можело да ве интересира

Водици 2025: Андреј во Беровци, Драганчо во Тополчани, Благојче во Големо Коњари

Технички преглед АВТО КОНТРОЛ – Превентивна акција за зимска опрема на Плетвар

(ВИДЕО)Јакимовска: Суштина, тло и темелот на една компанија е ЧОВЕКОТ!!!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе