ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Варошани денеска го празнуваат Голем петок

956

За верата, обичаите и манастирот во Варош!

Утрово , прв петок по Велигден, приградската најстара прилепска населба Варош, каде е сместен еден од најубавите и најстарите ,манастири „Св.Архангел Михаел“, на овој ден „Велики Петок (Светол Петок), се чествува славата на Варошани и на манастирот. Празнувањето започнува со божествена литургија. Верниците, оние кои го посетија манастирот, во помал број од вообичаено.  Поради вонредните услови и посебните мерки за заштита на здравјето во услови на пандемија од корона вирусот, денешниот ден, за прв пат, за жал,  се слави поинаку, во кругот на најтесното семејство, без илјадниците посетители кои вообичаено доаѓаат да го посетат ова свето место.

За Манастирот „Св.Архангел Михаил“ – Прилеп

Во народот суштествува предание дека манастирот бил граден од Крале Марко. Од под една карпа во манастирскиот двор истекува вода, која е собрана во голем базен и го обслужува манастирот, а народот ја почитува за „Лековита вода“. Како најблизок манастир до градот посетители има секогаш. А најмногу за великите пости, во Петок на Велик ден и на св. Архангел.

Во својата книга .„Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), авторот Георги Трајчев кој е родум од Прилеп за Варошкиот манастир „Св. Аргангел Михаил“ ќе го запише следното:
„Манастирот св. Архангел се наоѓа над селото Варош, одалечен на растојание од 15 минути. Погледот од него е величествен. Од него се гледа како на дланка целото Прилепско Поле, посеано со многубројни села од кои се белеат беговските кули. Во очите на набљудувачот право на запад се гледа одразот на зраците од источниот изгрев на сонцето по стаклата Крушевските куќи, опстојувајќи така 5 – 6 часа. Во десно се Поречките планини, а во лево – Селачките планински ограноци. Манастирот се вгнездил како орлово гнездо на карпата Маркови кули.

Варошкиот манастир „Св. Аргангел Михаил“ вгнезден во величенствениот гранитен камен над прилепскиот Варош се вбројува меѓу најубавите и најзначајните културни споменици и религиозни центри во Македонија. Легендата говори дека потеклото на манастирот започнува во X век, кога некој ученик на св. Климент Охридски се населил во некоја од карпите каде водел осаменички живот. Времето го датира и мермерниот столб со кириличен натпис од 996 година (втор најстар натпис) кој е употребен во изградбата на единствена манастирска црква говори за култно место. Денес тој е дел од Преспанско –Пелагониската епархија.

За денот Светол Петок или
Источен петок – Балаклија

Овој ден е посветен на прославувањето на Пресвета Богородица, која во богослужбите на Светлиот петок е наречена и Животоносен Источник.

Храмот бил изграден по залагањето на царот Лав Велики [5 век]. Според преданието, уште додека не бил цар на Византија, во ближната шума Лав наишол на еден слеп човек, кој го довел до изворот на кој го измил и му дал да пие од водата, по што слепиот прогледал. Кога станал цар, на местото каде што се случило чудото, ѝ изградил храм на Пресвета Богородица, во знак на благодарност кон неа.

Набргу после тоа, многуброен народ започнал да доаѓа во тој храм од сите страни, барајќи и наоѓајќи лек за многуте болести. Меѓу нив бил и подоцнежниот цар Јустинијан I [6 век], кој примајќи исцеление на тој извор, го обновил и проширил храмот кој бил срушен по земјотресот. Царевите Василиј I Македонец [9 век] и неговиот син Лав VI Мудриот [9-10 век] повторно го обновувале храмот и изворот, од кои се точеле голем број исцеленија за народот и византиската аристократија.

Во синаксарот на овој празник се спомнуваат многубројните исцеленија, но и воскресението на еден мртовец, како чуда кои се случиле на храмовиот извор. Кон овој извор прибегнувале и исцеление добивале болните од беснило, тумори и рак, грозница, неплодност, како и болните од очни и душевни болести. Историјатот на оваа светиња и денешниот празник го запишал Никифор Калист во 14 век.

На иконата на празникот се слика Богородица со Богомладенецот, над изворот, кон кој притекнуваат слепи и хроми луѓе, цареви и свештеници. Манастирските извори [источници] со питка вода најчесто се посветени на овој празник. Постои традиција секоја година на овој ден, по отслужената Литургија и молебен кон Богородица, да се изврши и мало осветување на вода, со која верните ќе се мијат за да добијат исцеление од многуте болести со кои се соочуваат .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: