16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Витаминка со донации за лицата со посебни потреби

Во период на вонредна состојба во државата, Витаминка продолжува со нови донации онаму каде што има потреба. Овој пат тоа се здруженија и центри за лица со посебни потреби. Минатата и оваа недела, компанијата достави поголема количина на пакети со прехранбени производи до Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака” од Прилеп и од Штип, во Дневниот центар за лица со целебрална парализа и аутизам од Прилеп, Здружението „Сплотени срца” од Штип и во Дневниот центар за лица со посебни потреби „Sуница” Прилеп.

Донацијата е со цел во ова време на вонредни услови да им се обезбедат на членовите на овие здруженија прехранбени производи и со тоа да се овозможи ипомогне да се пребродат овие тешки моменти, велат од компанијата.

Во услови кога целата држава, сите институции и граѓаните се соочуваат со големи
предизвици предизвикани од КОВИД 19, Витаминка неуморно помага излегувајќи
пресрет секаде каде што е потребно. Неодамна компанијата реализира донација вредна 3,5 милиони денари што ја насочи кон Министерството за здравство, локални здравствени установи, здруженија и организации за социјално загрозени семејства и граѓани.

Би можело да ве интересира

Јубилеј за почит – 30 години Бран Турс (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Во Прилеп наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен, во Крушево 23 литри

Шестмина починаа, 47 новозаразени од Прилеп за последното деноноќие

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе