ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Добредојдовте на web СТРАНАТА на РАДИО ПЕЛА 96,8 МНz!

„Пелагонија на дланка – радио за целото семејство“ е идејата на тимот кој е двигател на овој медиум!

Целта е обработка на теми кои се од витално значење за жителите од
Пелагонискиот регион, вредните земјоделци, стопанственици,…Но,Радио Пела
пред се е медиум за целото семејство.

Радио Пела е информативно – музичко радио, кое покрај сервисни
информации, музика и информации од јавен и општ интерес, континуирано се
збогатува со многу контактни емисии и наградни игри за нашите слушатели (по
што се разликуваме од другите локaлни радио станици).
Радиото е со седиште во Кривогаштани, зрачи во Општина
Кривогаштани, а неговиот домен на слушност се Општините: Прилеп,
Долнени, Крушево, Могила и Новаци.

Радиото и порталот го сочинува екипа од искусни новинарски и
технички кадар, кој го гради тимскиот дух со сите свои комитенти,се со
цел да ги зачува највисоките стандарди на објективно, истражувачко,
аналитичко новинарство и објективно претставување на
информациите и нивните извори.

Ви стоиме на располагање за користење на нашите услуги,
рекламирање, медиумско презентирање и сорабокта преку четирите медиуми:
радио, facebook фан страна radio pela 96,8 FM, yotube каналот и овој web портал:
radiopela.mk

Се надеваме дека ќе бидете наши комерцијални партнери и пријатели!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: