ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Заедно да навиваме, наградуваме и да се информираме „Заедно на Европско “

421

Радио Пела од четврток, 13 ти јануари започнува со серијал од емисии во живо на фејсбук страната https://www.facebook.com/radiopela , кои што паралелно ќе се емитуваат и на радио 96,8 ФМ, како и на интернет радиото https://live.radiopela.mk/  посветени на Европското ракометно првенство каде настапуваат најдобрите македонски ракометари.

Секојдневно во периодот од 11 до 13 часот со водителство на Зоран Игески, нашиот спортски новинар, ќе се дружиме со информациите за текот на првенството, ќе анализираме, ќе говориме за ракометот и за најквалитетниот европски собир, кој што оваа година се одржува во Унгарија и во Словачка.

Најважно е дека ќе ги поддржиме нашите македонски најдобри ракометари, преку контактна програма, збогатена со разговори со ВАС, со спортисти, со нашите колеги новинари, да чуеме како е во таборот на репрезентацијата, заедно да прогнозираме, заедно да ги БОДРИМЕ МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТСКИ АМБАСАДОРИ.

Спортот е секогаш ведрата страна, а уште повеќе кога настапува Македонија на Европско!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе