8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

„Замина„ Тозовац- пејачот ја загуби битката со коронавирусот

Легендарниот фолк-пејач Предраг Живковиќ Тозовац почина од последици на коронавирусот на 86-годишна возраст.

На 5 март Тозовац бил примен во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“ во Белград со потврден коронавирус и пневмонија.

Пејачот бил приклучен на кислород, а во болница бил примен во сериозна, но стабилна состојба. За жал,  Тозовац  не успеа да го победи коронавирусот.

Тозовац е роден во Кралево во 1936 година, од татко Светозар Тоза Живковиќ, по кого го добил прекарот, и мајката Будимка. Во октомври 2012 година тој доби диплома за заслужен граѓанин на градот Краљево. Многумина го сметаат за најголем господин на српската народна музика, а неговите песни не избледнаа со годините па и денес тие се неизбежен репертоар на сите прослави и свечености, како што се „Ти си ме чекала“, „Очи једне жене“, „Јесен у мом сокаку“, „Лено, Лено Магдалено“ и други.

Би можело да ве интересира

Кои улици в петок се без струја?!

Елизабета Филипоска

Одлуката за пренамена на средствата од општинскиот буџет тема на дискусија на ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп

Елизабета Филипоска

25-ти Мај : Денес сеќавање а некогаш празник за многу генерации (ВИДЕО +ФОТО )

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе