ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Здружението „Храбро срце“ храбро во иницијативата за поддршка на органодарителството

539

Националното здружение на пациенти со механичка потпора на срцето кај напредната срцева слабост и нивните поддржувачи „Храбро срце“ делува за постигнување на одредени законски измени кои ќе ја олеснат процедурата за донација на органи во Македонија. Што досега е направено?

– Реализирани се бројни гостувања на наши членови во телевизиите за промовирање на кампањата, информирање за тоа до каде сме со реализацијата на барањата кои се доставени до ФЗО за бесплатни контролни прегледи на пациентите, до каде е процесот за едукација на трансплантацискиот тим за експлантирање на вградените дивајси и сл. Беа дистрибуирани пишани материјали (флаери,брошури) со цел секој граѓанин да се запознае со нашата рабата, а со тоа и да почне да размислува за можноста за дарување органи.Имавме бројни мејлови со многу прашања на кои нашите членови даваа одговори. Најмногу прашања беа поставувни за тоа на кој начин можат да се донираат органи за време на животот.

Кои активности се опфатени за тековната година, и како планирате да ги реализирате законските измени со кои ќе се овозможи органодарителство?

– Како главна активност која е предвидена во Програмата за 2021 година е тоа што имаме ставено посебен акцент на едукација на трансплантацискиот тим за експлантирање (отстранување) на веќепоставениот дивајс (пумпа) бидејќи тој оперативен зафат во просек трае од 5 до 6 часа, а потоа следува трансплантација на срце. Важно е да споменеме дека што подолго се носи пумпата, таа повеќе сраснува со ткивата и е потешко да се отстрани. Тоа е специфична процедура која досега во нашата држава ниту еднаш не е извршена. Оттука сметаме дека е многу важен одговорот од надлежните за ова прашање бидејќи тоа неколкупати беше спомнато од страна на надлежните дека е предвидено да се изврши обука на докторите.

Откога ќе се намали или смири пандемијата со Корона 19 вирусот,а во зависност и од моменталната здравствена состојба во нашата држава, ќе започне втората фаза од кампањата. Истата ќе почне на 22.02.2021 год. а ќе заврши на 22.05.2021 год.

Потоа, интензивна комуникација со ФЗО за барањата кои се доставени, дел од нив се прифатени од страна на Фондот за што сме бескрајно благодарни, но сè уште не е почнато да се спроведува.

Понатаму, очекуваме повик од нашите болнички координатори за термин кој треба да го даде Министерството за здравство за испитување на антитела на сите пациенти кои се на листата за трансплантација. Да нагласиме дека прв пат се направија тие HLA испитувања на 28.5.2020 година, но тие испитувања се прават на секои четири месеци, а не еднаш во годината. Тие се важни за компатибилноста на потенцијалниот орган со потенцијалниот примател, но покрај тие испитувања важни се и многу други параметри на компатибилност (крвна група, приближна возраст, приближна тежина и висина и сл.) со цел што е можно донорското срце повеќе да одговара на потенцијалниот примател. 

Како ќе делувате на подигнување на јавната свест за потребата од органодарителство?

– Здружението ги планира и  следните активности: емитување на видео спотови за поддршка на нашата кампања со учество на голем број истакнати и афирмирани здравствени работници, уметници, глумци, пејачи, спортисти, музичари, како и разни поддржувачи на нашето Здружение од земјата и од странство. Ќе се организираат средби со граѓани и со здравствените работници по градовите од нашата земја на кои би се дискутирала потребата од органодарителството и би се делеле пишани материјали (флаери,брошури). Иницијатива за формирање на Центар за психолошка поддршка на пациентите потенцијални приматели на орган, потенцијалните живи дарители на орган, семејствата на потенцијалните кадаверични дарители на орган, како и за трансплантираните пациенти, кој што Центар би функционирал во рамките на Министерството за здравство.  Иницијатива за измени и дополненија на Законот за трансплантација на органи, воведување на донорски картички во нашата држава, по пример на околните држави, како и интензивирање на комуникациите со Министерството за Здравство, ФЗОМ, МТСП, ПИОМ, јавните и приватните болници, за да се овозможи подобар и подостоинствен живот на сите пациенти со механичка потпора на работата на срцето како и на сите пациенти кои се наогаат на Националната листа за трансплантација на срце.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: