18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

Жените земјоделки ќе може да аплицираат за грант од 3 000 евра

За прв пат е објавен јавен повик за грантови наменет за жените – земјоделки, носители на земјоделското стопанство. Јавниот повик, предвидува по максимум 180.000 денари или 3.000 евра неповратни средства за подносителите на барањата. Крајниот рок за аплицирање е 26 декември 2019.
Проектираната поддршка е за инвестиции во доработка и преработка на примарни земјоделски производи, но и за набавка на опрема за постбербени активности, како и за директна продажба од фарма. Прифатлива инвестиција е и набавка на опрема за ладење и замрзнување, сечење, конзервирање, сушење и етикетирање на производи, опрема за мерење и квалитет, за манипулација, утовар и истовар, за подобрување на стандардите за благосостојба на животните,
Корисиници на средствата можат да бидат земјоделски стопанства чиј носител е жена, правни лица водени од жена, односно трговски друштва или трговци – поединци регистрирани согласно Законот за трговски друштва.
Јавниот повик е на следниот линк на Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој:
http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

Би можело да ве интересира

Последната група од 222 работници замина од Тутунски Комбинат Прилеп

Комфи Ангел се фокусира на нови производствени процеси за подобрување на продуктивноста

Елизабета Филипоска

Витаминка ги изложи производите на Ануга, водечкиот саем за храна и пијалаци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе