1.3 C
Прилеп
понеделник, 23 декември, 2024
Пела Радио

(ФОТО) ШЕСТА КЛУПСКА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД ФОТО КИНО КЛУБОТ „ПРИЛЕП“

Голем број посетители, љубители на уметничката фотографијата, беа дел од традиционалална изложба на уметничка фотографија „Јордан Зазоски – Зазо“ која по шести пат ја организирана Фото Кино Клуб „Прилеп“. На изложбата поставен во ЦК “Марко Цепенков“  беа  изложени 61 фотографии од 51 автор, дела кои покажуваат во кој правец одат заложбите на клубот во полето на уметничката фотографија и како младите луѓе креираат и го гледаат светот преку својот објектив.

 

Претседаталот на ФКК „Прилеп„ истакна дека 2018 година ќе биде забележана како една од поуспешните во функционирањето на овој клуб:

„ Фото Кино Клуб „Прилеп„ oдбележа бројни настапи и освоени голем број награди нa домашни и меѓународни конкурси за уметничка фотографија, на пример клубот ја освои највисоката награда на Уника за најдобар клуб во 2018 година, а исто награда од Уника доби и членот на овој клуб Зоран Пилоски за неговиот едноминутен филм. Изминатата 2018 година е една од оние на кои клубот е горд и заради зголемувањето на членството и подмладокот на клубот. Вечерва со разгледувањето на оваа изложба, всушност ќе ја видиме работата на фото-кино клубот, ќе гледаме низ објективот на неговите членови. .Целта на нашиот клуб е понатаму да ја развиваме љубовта кон фотографијата и кино уметноста. Љубовта кон фотографијата во нашиот град е изненадувачки на доста големо ниво и се надеваме дека овие млади автори и во иднина ќе го претставуваат Прилеп во најдобро можно светло..„ –истакна пред присутните Сашко Попоски , Претседаталот на ФКК Прилеп

Годинава, на изложбата беа презентирани и голема број на нови автори, кои се всушност движечка сила на ФКК „Прилеп“. Преку низа на работилници и активности членовите на клубот стекнаа знаења за создавање на уметничка фотографија и веќе се градат како препознатливи автори. Фото Кино Клуб „Прилеп„ моментално  брои околу 130 членови од кои 70-тина се доста активни

Изложбата преку објективот на новнарот:

 

Би можело да ве интересира

Премиера на „Јанѕа“– првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески

Пела Редакција

Стојаноски: Прилеп има потенцијал да биде предводник на ликовната сцена

Пела Редакција

Цел град театар од утревечер на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе