25.5 C
Прилеп
недела, 14 јуни, 2026
Пела Радио

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат.

Сите собрани средства од трката ќе бидат наменети за донација на електромагнетен стимулатор за деца со посебни потреби кои го постуваат Дневниот центар за лица со церебрална парализа од Прилеп.

Со свои донации учествуваа и повеќе општествено одговорни компании, а активно се вклучија и учениците од сообраќајната училишна единица и фотографската секција од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ Прилеп.

Спортот и рекреацијата не се само натпревар и задовоство, туку можат да бидат многу повеќе од тоа покажа првенчето „Трка со срце“ кое има големи изгледи да прерасне во традиционална спортско – рекреативна манифестација во Прилеп со хуманитарен карактер.

Би можело да ве интересира

“Comfy Angel”со караванот за поддршка на младите во спортот патува во Охрид

( Фото+ видео) „Св. Пантелејмон„ празникот кога си заминуваат штрковите

Пела Редакција

Чествување-140 г. од загинувањето на легендарниот војвода Ѓорѓија Лажот

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе