0.4 C
Прилеп
понеделник, 25 ноември, 2024
Пела Радио

Прилеп протестира против поскапата струја

Вечерва од пред Камената бина кај паркот Ченто каде што беше собирното место, започна вториот протест против покачување на цената на струјата.

Со транспаренти, од Плоштадот Александрија групата маршираше и во старата градска чаршија.

– Нашите барања се јасни: Во ек на пандемија и економска криза каде работниците секојдневно губат работни места, им се намалуваат платите, ова е само доказ дека се одработува за профитите на елитата.

Ние нема да се откажеме. За нас покачувањето на цената на струјата претставува злочин врз човештвото во ек на пандемија, истакна Гордана Ристовска, иницијатор, организатор на протестот , претставник од Прилеп на движењето МО Црвени.

На протестот се приклучија и од Занаетчиското граѓанско движење, за како што велат „гласот да биде посилен“.

-Занаетчиите и малото стопанство кои едвај преживуваат и работат едвај со 30 % од своите капацитети и можности сега ќе се соочат со уште еден голем товар. Ни претстои тешка економска криза која е повеќе од очигледна, ни претстои грејна сезона. Како ние ќе се носиме со сето тоа? Тоа ќе предизвика повторни отпуштања од работа, намалени приходи, дури и затворање на голем број на дуќани, рече Крешимир Здравески. 

Барањата на иницијативата од организациите „Сакаме чист Чаир“, „Социјалистичка зора,“ „Конфeдeрацијата на синдикални организации“ (КСОМ), „Fridays for Futurе“ и МО Црвeни се следните:

1. Итно поништување на последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија.
2. Владата да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорации на грбот на граѓаните.
3. Формирање независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

4. Владата да ги врати приватните компании за дистрибуција на електрична енергија под државна администрација.
5. Намалување на цената на електричната енергија за 46 % (отстранување на 33 % од цената за ангажираната моќност која до пред неколку години во сметката за електрична енергија беше посебна компонента и потоа вклучена во општата цена, а попустот ДДВ од 18 % на 5 %).
6. Владата итно да го раскине неславниот договор со ЕВН, приватниот дистрибутер на електрична енергија во РСМ, кој со години го злоупотребуваше монополот даден од Владата.
7. Простување на сите камати од сметките на ЕВН што граѓаните до сега не ги платиле бидејќи сметаме дека високите сметки генерирани од ЕВН се главната причина за нивно неплаќање на време. Со оглед на високата цена на електричната енергија со порастот на цената за повеќе од 230 % во последните 14 години, сметаме дека граѓаните плаќале и камата и камата над камата со плаќање на тие сметки. Затоа камата за тие астрономски сметки ја сметаме за незаконска и законски грабеж.

Би можело да ве интересира

Пет регистрирани пожари вчера во Општина Прилеп

Пела Редакција

Цел град театар од утревечер на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“

Руската амбасада го одбележа Денот на сеќавањето во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе