Конфекцијата „Кули“ , компанијата Gifty текст и компанијата STAN MK, сите од Прилеп се вклучуваат, доброволно во фунција на здравствените работници , со шиење на заштитни маски . Со поризводство, започнуваа веднаш , кога ќе добијат одобрение од Министерство за здравство и Агенција за лекови и медицински средства.
„Утрово, имавме состанок со Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и наидовме на огромна подршка од негова страна , со што беа контактирани сите институции.“ – не информираа од Тимот на ГИФТИ ТЕКС – Прилеп
Иницијативата на прилепеските компаниите е да помогнат во националните нaпори за спpaвување со кopoнавиpyсот, нудејќи бесплатна изработка на мeдицински мaски за зaштита. Трошоците за работна рака ќе бидат комплетно на нивен товaр, а од компаниите напоменуваат и дека можат да сносат и дел од трошоците за снабдување на основниот и помошниот материјал за изработка.