27.2 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Се гради контролна кула на полетувалиштето Мечкин Камен

Полетувалиштето на Мечкин Камен ќе биде збогатено со објект неопходен за реализација на спортските активности. Започнува изградбата на т.н контролна кула со повеќе намени која биде на располагање на учесниците во параглајдинг натпреварите за успешна реализација на истите и запазување на строгите меѓународни стандарди. Објектот ќе содржи сала за состаноци и други пропратни содржини кои ќе ги задоволат потребите и барањата на организацијата на меѓународните параглајдинг првенства.

„ Објектот ќе биде наменет како контролна кула која ќе им служи на учесниците во параглајдерство и змајарство. Со ова, продолжуваме со изградба на туристичка инфраструктура која треба да ги унапреди условите за авантуристички туризам во Крушево, но и за параглајдинг и првенствата во змајарство кои секое лето се одржуваат во Крушево,“ вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Од април па се до октомври Крушево е центар на Балканот за професионални и аматерски параглајдеристи и вљубеници на авантуристички туризам, а оваа година ќе се одржи Светското првенство во змејарство.

Би можело да ве интересира

Тутунски Комбинат и 2020 та работел со добивка

Железничкиот премин го блокира патничкиот сообраќај во Прилеп

Во тек подготовките за Водици 2024 во Прилеп – пријавувањето на 11ти и 12ти јануари

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе