16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Бидете дел од СОУ Ристе Ристески Ричко – Прилеп бидејќи иднината е во техниката

СОУ Ристе Ристески – Ричко – Прилеп пред идните средношколци ги претстави стручните сектори и спортската гимназија. Едно од најстарите и најбараните стручни училишта во Прилеп СОУ Ристе Ристески – Ричко, Прилеп го посетија над  300 деветтоодделенците , од повеќе основни училишта од Општина Прилеп и соседните општини, каде на лице место беа промовирани можностите за теоретска и практична настава.

Четирите сектори вклучуваат по неколку квалификации и спортската гимназија, ова средно училиште го прават атрактивно при уписот на идните мајстори на својата професија и спортисти. На отворениот ден, при посетата, учениците имаа можност да научат и да се запознаат со што се одликуваат поедините сектори, какви можности нудат поедини квалификации, по што се разликуваат наставните програми за секој од секторите пооделно, како се одвива практичната настава во и вон училиштето.

На располагање се: Сектор ЕЛЕКТРОТЕХНИКА со 6 квалификации, меѓу кои и квалификација за дуално стручно образование по германски и македонски модел, при што учениците имаат избор за три или четири годишен образовен процес. Сектор МАШИНСТВО на располагање се 6 квалификации, меѓу кои и квалификација за дуално стручно образование по германски и македонски модел, со избор за три или четири годишно образование. Сектор СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ кој што содржи 3 квалификации со времетраење на образовниот процес од 4 години.  Сектор ГРАФИЧАРСТВО во кој што се вклучени 2 квалификации за 4 годишно образование и СПОРТСКА ГИМНАЗИЈА со 4 годишно образование. СОУ Ристе Ристески – Ричко Прилеп поседува одлични услови за професионална едукација и надградба на учениците. На располагање се специјализираните кабинети за практична настава .

Овој средношколски центар,  вклучуваа дуалното образование по германски модел во одредени квалификации во секторите ЕЛЕКТРОТЕХНИКА (техничар за индустриска мехатроника) и МАШИНСТВО (техничар за производно машинство) каде учениците имаат можност да бидат платени за практичната работа во одредени компании.

Првото пријавување кое се реализира електронски  на 20 и 21 јуни, доставување на потребнта документација е на 22 и 23 јуни, и на 28,  29 и 30 јуни.

Би можело да ве интересира

Гимназијалците иновативни: „Паметна“ сушара за тутун, чај и други билки

Гордана Цветаноска

Прилепчанецот Иван Јованоски, дел од бронзениот тим на Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика

Гордана Цветаноска

Голема порака од малите спортски игри со рециклирани тутунски материјали!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе