12.1 C
Прилеп
среда, 9 октомври, 2024
Пела Радио

Функционерските плати го кренаа македонскиот просек, а скоро 60 проценти од работниците се далеку од просекот

Државниот завод за статистика пресмета, а Владата се пофали дека просечната нето-плата во март 2023 година е 34.925 денари. Оваа убава сума е, сепак, само просек, но и таа е далеку од потребите за задоволување на минималната синдикална кошничка за четиричлено семејство, за која Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека за април 2023 изнесува 49.384 денари.

Но, дополнителен проблем околу просечната нето-плата е и податокот што дури 306.943 работници во државава земаат плати до 30.000 денари. Процентуално,велат од Синдикатот, тоа значи дека околу 60 отсто од вработените се за 4.925 денари под просекот, а само 12 отсто од вработените во државава се во зоната каде што со својата нето-плата можат да си ја дозволат минималната синдикална кошничка.

А, функционерите веќе ги примија зголемените плати за 78 отсто. Од Синдикатите велат дека додека од Владата се фалат дека расте просечната плата се повеќе работници земаат под просечната плата и поради тоа често се на улици и протестираат, додавајќи  дека порастот на платите на работниците не го следи трендот со порастот на цените на мало и инфлацијата што ја имавме минатата и оваа година. И, покрај тоа што просечната плата последните пет години е зголемена за повеќе од 10 илјади денари, сепак тоа не е доволно имајќи предвид дека минималната потрошувачка кошничка за овој период порасна за 20.000 денари, велат ос Сојузот на Синдикатите на Македонија.

Сепак, и покрај зголемената просечна плата,  со 560 евра Македонија ја има најниската просечна плата на Балканот. Просечната плата во регионот е највисока во Црна Гора и изнесува 757 евра, во Србија изнесува 706 евра, во Босна и Херцеговина 617 евра, а во Хрватска 1.256 евра.

Би можело да ве интересира

„Еурокомпозит“ тема на пратениците. Заев: Државата има алтрернатива – да издвои три милиони евра да ги плати обврските

Без утврдени цени, се подготвуваат договорите пред новата реколта

Гордана Цветаноска

Прилепскиот Комбинат минатата година ја завршил со добивка

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе