10.3 C
Прилеп
среда, 30 октомври, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)„Не се живее со мизерни пензии“ – 14 ти ден пензионерски протести во Прилеп

И денеска прилепските пензионери се собраа на протест пред Здружението во Прилеп да ги истакнат уште еднаш  нивните барања за линеарно – рамномерно покачување од 3 500 денари за сите пензионери.

– Со линеарното покачување нема никакви законски пречки. Бидејќи разликата останува иста. Ако треба ќе им ја вратиме „Шарената револуција“, оти тие почнаа со „Шарена револуција“ и ние ќе бидеме шарена револуција на 80 години. Мораме да бидеме единствени, оти ние оваа генерација ако успееме да направиме пензиите да се покачуваат линеарно за сите, тогаш ќе остани и за идните генерации да биде така. Значи и нашите деца кога ќе појдат в пензија ќе земаат линеарно покачување на пензиите. Целта е најниската пензија да се зголеми. Нема да отстапиме и цела Македонија пензионерите се за тоа, вели пензионерот Милан.

Присутните посочија линеарното зголемување  на пензиите да биде што поскоро, и доколку е потребно да се направат и законски измени.

– Почитуван премиере, ве следев синоќа на ТВ. Кажувате дека не е законски линеарно покачување на пензиите. Ако не е законски, ве замолувам да си направите нов закон, да се усогласите и да ни ја покачите линеарно на сите пензијата. Ве замолувам не до крајот на годината, да формирате минимална пензија, туку што поскоро, најкратко. Не можеме ние до нова година да живееме со мизерни пензии, посочи пензионерката Вера .

На денешниот собир беше упатен апел до сите пензионери од градот и населените места за поголема масовност на протестите бидејќи, како што беше кажано во Прилеп и прилепско има 16 илјади пензионери.

Пензионерските протести продолжуваат секој ден од 10 часот пред здружението на пензионери во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Гулабоски: со потпишување на договорот за субвенционирана струја, ќе ја вратиме старата цена на водата

„На секое дете му треба семејство“ кампања на УНИЦЕФ и во Прилеп

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО- ГАЛЕРИЈА) ИКТ Центарот во Прилеп – основа за идниот Шенгенски информациски систем

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе