5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

„На секое дете му треба семејство“ кампања на УНИЦЕФ и во Прилеп

Под мотото „На секое дете му треба семејство“ денеска на платото кај Градски саат во Прилеп се одржа промоција на кампањата на УНИЦЕФ за добивање поддршка на згрижувачките семејства во општините.
Директорот на МЦСП-Прилеп, Живко Силјаноски, акцентираше дека Прилеп е меѓу градовите со голем број згрижувачки семејства.
„ Ние прилепчани сме хумани луѓе, имајќи предвид дека 20 семејства, имаат згрижено 34 дечиња. Имавме и две здруженија, кои згрижуваа деца и разменуваа и споделуваа искуствени знаења“, истакна Силјаноски. 
Кампањата досега опфати 28 градови во државата, а ќе заврши во Демир Хисар. Целта е поголема сензибилизација на граѓаните, за што повеќе згрижувачки семејства, а што помалку деца без родителите, оставени во институциите.
„Целта на оваа кампања е да се поттикне свеста кај граѓаните, дека на секое дете кое е без родителска грижа му е потребно семејство. Досега имаме многу јавувања во кол-центарот и секој ден расте бројот на граѓани што покажуваат интерес за згрижување деца. Ова ни дава поттик за понатаму“, изјави Шпреса Саиди, претставник на МТСП.
„Веќе поминавме 28 градови и досега имаме 270 јавувања на заинтересирани граѓани, кои би сакале да станат потенцијални згрижувачи. Целта на оваа кампања беше и да се запознае јавноста, дека само семејно згрижување е она што е потребно за правилен развој на децата“, рече Олимпија Гроздановска, претставник на УНИЦЕФ.
На настанот присуствуваа градоначалниците на Прилеп, Долнени и Кривогаштани, а се претставија пред присутните и го збогатија со игри и песни, дечињата од градинката „Али Чаир“. А, со љубов за децата без родители проговорија јавно и неколку граѓанки, коишто веќе имаат згрижено повеќе дечиња.
„Во овие 16 години имам згрижено 8 деца, од кои пет се веќе кај родителите. Во моментот имам две деца на возраст од 9,5 години и 7,5 години“, рече Ацка Божиноска, поделувајќи свои искуства како згрижувачка, со своите сограѓани.
“Во 17 години имам згрижено три деца. Ги зедов мали, едно на 4 години, едно на 8 и третото на 12 години. Девојчето заврши основно училиште, моментално е втора година во Штип и е одлична ученичка“, рече Весна Димоска.
„Апел од мене до сите, оние, кои сакаат да згрижат деца, да се обратат до центарот. Не е ништо страшно и тешко. Отворете ги своите домови, пружете им ги срцата. Дарете им топол дом, многу љубов“, порача згрижувачката Благица Стефаноска.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (68)

Пела Редакција

Среда, шести ден на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“

Во бојата на лавандата – за поддршка на лицата со епилепсија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе