10.3 C
Прилеп
среда, 30 октомври, 2024
Пела Радио

Втора среќа за Костадин во Мало Коњари, Кристијан го фати крстот во Големо Коњари

Чинот на положување на Светиот Крст во водите во чест на Богојавленије, се одржа и во сите  населени места во прилепско. Од рано изутрина се одржаа црковни литургии, а претпладнево голем број на верници присуствуваа на положувањето на светиот крст во осветените води.

Во црквата Пресвета Богородица во Мало Коњари традиционално светиот крст се положува во базенот во дворот на црквата. Годинава за чинот на положувањето на светиот крст учествуваа 8 момчиња, а повторна среќа во фаќањето на светиот крст беше за Костадин Петкоски.

 

Во Големо Коњари, најсреќен во водите во паркот на ова населено место каде традиционално се чествува положувањето на светиот крст беше Кристијан Талимџиоски.

Вековната традиција на честување на еден од најголемите православни празници Богојавление Водици се одржа и во населените места Селце, Витолиште, Бешиште, Ново Лагово,  Беровци, Клепач, Ерековци, Полчиште, Галичани, Чепигово, Подмол,Тополчани, Штавица и Загорани.

„Бог се јави!“ е поздравот со кој што верниците се поздравуваат на овој ден. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

Богојавление се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Би можело да ве интересира

Црквата „Света Петка“ од Прилеп ја поддржува иницијативата „Сојуз за живот“

Гордана Цветаноска

Поскапуваат горивата

Пела Редакција

Австралија под огнена закана

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе