16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Железничкиот сообраќај е во прекин на делницата Прилеп – Битола

Поради пожар во атарот на село Беранци, каде што гори нискостеблеста вегетација, пругата е оштетена на повеќе места при што во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Прилеп-Битола, извести регионалниот ЦУК-Битола. Информацијата е добиена од ТППЕ-Битола и веднаш дежурните од ЦУК ги информирале СВР-Битола и надлежните од „Железници на Република Северна Македонија транспорт АД – Скопје“.

По брзата проверка на железничката пруга, од вчера попладне од 17:42 часот железничкиот сообраќај е во прекин на делницата помеѓу Битола и Прилеп, а патничкиот воз 643 е на станицата во Прилеп и не сообраќа.

ЦУК примил известување од „ЖРС Македонија транспорт АД – Скопје“ дека другиот железнички (патнички и товарен) сообраќај се одвива нормално.

Би можело да ве интересира

Здружението на резервни воени обврзници одбележа 15 годишнина од постоењето

Гордана Цветаноска

Финале на “Прочка 2018“

Гордана Цветаноска

Со швајцарска помош, вело патеки за развој на планинско Крушево

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе