16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Женско е првороденото бебе во 2023 та во Прилеп

По 4 часа и 22 мин по полноќ, од првите часови во новата година, се роди првото бебе во ЈЗУ Градска болница со проширена надлежност „Борка Талески“. Женското бебе Кристијана е со тежина 3 150 гр и 50 см должина. За мајката Емилија Златеска (42 години) од Прилеп тоа е второ женско дете.

Традиционално, мајката и првороденото бебе во новата година ги посетија, здравје и среќа им посакаа градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески и Кети Смилеска, директор на Градската болница.Општината и Градоначалникот на среќната мајка и’ подарија пригодни подароци и штедна книшка од 15 000 денари.

 

Градоначалникот Јовчески, при оваа прилика и на персоналот во прилепската болница им ги честиташе новогодишните празници и им посака оваа нова 2023 година да им биде побериќетна, посреќна, поуспешна исполнета со многу здравје и просперитет.

Синоќа, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески честитка за добра, поуспешна нова 2023 година до сите граѓани на Општина Прилеп, упати и од плоштадот „Методија Андонов Ченто“, каде прилепчани заедно ја дочекаа Новата година, со огномет и пригодна музичка програма.

Традиционално на највеселата ноќ, градоначалникот ги посети и службите кои вообичаено работатат за новогодишната ноќ: дежурните екипи на ТППЕ -Прилеп, на Итната медицинска помош, полициските служеници во  ПС – Прилеп и дежурната екипа на Железничката станица -Прилеп, честитајќи им ги притоа новогодишните и претстојните божиќни празници.

Би можело да ве интересира

Идната недела субвенции за граѓаните кои аплицираа за клима уреди и велосипеди

Елизабета Филипоска

Нема фрлање на Светиот Крст за Водици во базенот во Прилеп.Богојавленскиот водосвет ќе се одржува во дворот на црквите

Елизабета Филипоска

Се дезинфицираат влезовите од зградите

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе