25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

До 31 јули продолжен рокот на важност на патните исправи и возачки дозволи

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е продолжен рокот на важност на патните исправи и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба и тие важат до 31 јули 2020 година.
Ваквата одлука ја донесе Владата на 51-вата седница, на предлог на Министерството за внатрешни работи, со уредба со законска сила за патните исправи и за возачките дозволи за време на вонредна состојба.
„Тоа значи дека овие граѓани нема потреба да вадат нови патни исправи и возачки дозволи до овој датум, но доколку сепак, сакаат да извадат нови документи, на располагање секој работен ден се службите на МВР“, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Секоја успешна образовна приказна започнува со наставник кој верува во ученикот

Пела Редакција

Исплата на анти ковид пакетот за тутунарите

Билјана Јандреска Андоноска е пронајдена жива и здрава

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе