18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

НОВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ЗА ГОРНО И ДОЛНО АГЛАРЦИ

Завршена е изградбата на атмосферската канализација за селата Долно и Горно Агларци во должина од 600 метри, атмосферска канализација во должина од 255 метри за Горно Агларци и 305 метри за Долно Агларци, преку програмата за Фосилни горива од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Ваквите проекти се од особена важност за жителите на нашата општина како превенција и заштита од поплави, имајќи поредвид дека нашата општина и воопшто Пелагонија се подрачја кои се често склони на вакви  несакани природни непогоди. “ посочил Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Вредноста на овие проекти изнесува 771.359,00 денари за Горно додека 926 506,00 денари за Долно Агларци.

Би можело да ве интересира

Во Новаци ќе се гради една од најголемите фотонапонски централи во државата

Гордана Цветаноска

Kорисниците на социјална помош од Општина Новаци, oслободени од плакање сметка за комунални услуги

Гордана Цветаноска

Храна за сите – Банка за храна донираше пакети за социјално ранливи семејства во Новаци

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе