12.8 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Kорисниците на социјална помош од Општина Новаци, oслободени од плакање сметка за комунални услуги

Советот на Општина Новаци на 15 тата седница, донесе одлука, сите приматели на социјална помош да се ослободат од плаќање сметка за комунални услуги кон ЈКП „ Комунална хигиена “ Новаци

„Ова не е некој голем износ кој значително би влијаел на работењето на комуналното претпријатие , но во секој случај ќе претставува помош за семејствата кои се приматели на социјална помош во овие тешки времиња на економска криза, невработеност и беспарица. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Правото на ослободување од плаќање на сметка за комунални услуги,  жителите на Општина Новаци можат да го остварат со достава на решение за примање на социјална помош во просториите на јавното комунално претпријатие „ Комунална хигиена “.

На територијата на Општина Новаци според Центарот за социјални работи Битола регистрирани  се 50 тина социјални случаи.

Би можело да ве интересира

Се чисти каналот во с. Гермијан

Патната инфраструктура основен предуслов за развој на туризмот

НОВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ЗА ГОРНО И ДОЛНО АГЛАРЦИ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе