10.3 C
Прилеп
среда, 30 октомври, 2024
Пела Радио

Песната „А бре, Македонче“ и Музичкото училиште слават јубилеј

Новогодишен јубилеен концерт, по повод 80 години патрон празник на музичкото училиште од Прилеп „Ордан Михајлоски – Оцка“ и од создавањето на песната „А бре македонче..“ ќе се одржи утревечер, четврток, на 22 ри декември, во големата сала при НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп со почеток во 19.00 часот.

Македонската народна песна „А бре, Македонче“ — има патриотски, борбен карактер, и била химна на партизанското движење во Македонија, која потекнува од периодот на НОБ за време на Втората светска војна. Песната е многу популарна и денес се смета за народна песна, иако е создадена од Крсте Црвенковски, Коле Чашуле и Ордан Михајлоски – Оцка. Таа е напишана во Прилепско, два месеци пред македонската химна „Денес над Македонија“. Песната е создадена во периодот меѓу 23 октомври и 8 ноември 1941 година, кога ја имала својата прва изведба во прилепското село Царевиќ, на првиот народен собир (митинг) во фашистички поробената Македонија. Крсте Црвенковски како политички комесар на одредот имал задача да испрати порака до борците и народот за помасовно учество во борбата, Коле Чашуле со својата писателска дарба дал придонес во составувањето на текстот, а Ордан Михајлоски – Оцка кој бил талентиран и образуван виолинист учествувал во создавањето на музиката за песната.

Би можело да ве интересира

Повеќе прилепски улици без напојување со електрична енергија во вторник 16 ти јули

Пожар во Марино Маало, гореше куќа, предизвикана е голема материјална штета ( Видео)

Гордана Цветаноска

Фил Феникс – спортски клуб за гордост на Прилеп и Македонија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе