16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

По 78% следува и ново зголемување на платите на функционерите

Следи ново раст на функционерските плати поради растот на просечната плата. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата на функцијата, а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото пресметување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците ќе имаа плата над 2 илјади евра.

Ваквото зголемување ќе биде редовно, бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите,градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Инаку, зголемувањето на платите на функционерите започна откако лани само платите на функционерите пораснаа за 78%. Владата тогаш  најави дека сама ќе ги скрати платите, па се премисли и формираше работна група, да денеска техничкиот премиер да кажа дека пресметката не може да ја регулира секој, пишува ТВ Сител

Би можело да ве интересира

Премиерот за опстанокот на локалните медиуми тврди дека се бара решение

Елизабета Филипоска

Кој пее зло не мисли

Елизабета Филипоска

На утрешната седница ќе се разгледува програмата за уредување на градежно земјиште за 2024 година

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе