19.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп го очекува долга ноќ-ситуацијата со пожарите се влошува

На повеќе фронтови Прилеп се бори со пожарите. Алармантна е состојбата во Мариово во близина на селата Штавица, Крушевица, Пештани, Прилепец, Бонче  каде силата на огнената стихија е потпомогната од ветрот, информираат од Кризниот штаб, а во најголема опасност е селото Крушевица како и манастирот Свети Никола во Прилепец.

Гори и Селечка планина. Загрижени граѓани објавуваат на социјалните мрежи стравични фотографии и видеа од состојбата на терен и како огнот немилосрдно ја уништува шума, ниска вегетација, природа… А огнот опасно се приближува и до Манастирот Св, Димитрија во близина на селото Селце.

Управниот одбор на манастиорот Св. Никола кај селото Прилепец пред само еден час  објави дека огнот поради ветрот го променил правецот и повторно го става во опасност манастирот.

Ноќва ќе биде долга во борбата со пожарите. Општинскиот Кирзен штаб за заштита и спасување  , најави  дека во текот на  утрешниот ден повторно продолжуваа со координација со сите расположиви средба и со насочување на екипите од противпожарните единици, Армијата, МВР, Национални шуми, воздушната поддршка, градежната механизација, медицинските екипи, доброволците и здруженијата, кон најзагрозените места каде што е најнеопходна  интервенцијата.

Би можело да ве интересира

МТФ Војдан Чернодрински: Втор повик за нови драмски автори со современи драмски текстови

Приведени 10 Кинези за илегален влез во Македонија

Локализиран пожарот кај селото Царевиќ кој што зафати семејна куќа и пчеларник

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе