16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Прилепска итроштина за горештина

Прилепчани, оние од еснафски калибар, не само што се мајтапчии, туку и итроштина има во нив. За се’ решение имаат, па дури и за горештините!

И, така, кога температурите се покачуваат над 35 степени и кога надвор веќе почнува да врие како во вршник, кога сонцето безмилосно пече,  а потребата од еснафска дружба е неопходна или пазарлук да се направи,  е тогаш доаѓа и решението, и, за времето.

Чичко  Перо-Чорбе (како  што го знаат прилепечани) на овие летни горештни, му нашол маривет. Точакот,  (кој денеска е најефкиасното превозно средство бидјеќи, градот одамна изгуби над 500 паркинг места во центарот со изградба на булевар) му послужил и за шатор (чадор) носење. И, ем си се возиш, ем сонце не те пече и си заштитен максимално од УВ зраците во секое време од денот! Ладовината ти е секогаш со тебе…

Применлива иновација, необична, но корисна и безбедна од сончевите зраци, летните горештини, мора да признаете.

„Море ум„-  би реколи актерот Благоја Џумерко, кој беше познат по својот мајтап! Па, браво за чичко Перо и за неговиот изум.

Е, ај сега речете дека прилепчани не се мудри, итри и иновативни луѓе !

 

Фото: Екс градоначалникот Марјан Ристески  на кој му благодариме за фотографијата!

Би можело да ве интересира

Здружението „ФИЛИП ЛУКАРОСКИ“ Прилеп ќе промовира прирачник за машко здравје

Утре, среда, прекин на електричната енергија на повеќе прилепски улици

Пела Редакција

Финансиска помош од Витаминка за 12 годишниот Марко Пејчиновски

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе