11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Ракометарите стартуваат од денеска – Чантурија ќе го “крои” составот (ФОТО)

По едномесечната пауза , попладнево од 16 часот е првиот собир и тренинг за ракометарите на Прилеп , во салата од СОУ Ристе Ристески – Ричко. Нормално за продолжението од шампонатот во суперлигашкото друштво , за плеј-аутот и борбата за опстанок , следуваат подготовки. Ќе биде познато и со кој играчки кадар ќе располага стручниот штаб на прилепчани , предводен од Реваз Чантурија.

Формата ќе се темпира за клучните натпревари сезонава и тоа до 12 февруари кога е и стартот на продолжението од плеј аутот , каде прилепските ракометари ќе ја бараат шансата за опстанок во лигата против Јуниор КВ , Скопје и Голден Арт м Струга , Куманово , Радовиш и Вардар Неготино. Првите пет екипи обезбедуваат опстанок , шестопласираниот ќе игра бараж а последните двајца во оваа конкуренција одат ранг подолу.

 

Би можело да ве интересира

Мегленски: „Значаен бод !Победа сеуште е во игра за опстанок во елитното друштво“  

Елизабета Филипоска

ПОБЕДА ДОМА СО КИТ-ГО, БРАТСТВО ВО ВИНИЦА

Елизабета Филипоска

ДЕСПИНА МУ ЗЕДЕ БОД НА ФАВОРИТОТ БОРЕЦ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе