9 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

Театарскиот фестивал за деца „Силјан штркот“ може да започне!

Четвртото издание на театарскиот фестивал за деца „Силјан штркот“ започнува утре, 31 мај, среда, со претставата „Тоби“ во изведба на актерите од Театарот за деца и младинци од Скопје.  Во четирите фестивалски дена ќе бидат изведени и претставите „Рибарот и рипката“ од „Театар Колозов“, „Јованче и Марика“ од „Театар Баец“ од Битола, ќе се промовира драмска литература за деца, а фестивалот ќе го затвори екипата на „Дајте музика“. Претставите ќе се играат на сцената на НТ „Војдан Чернодрински“  во Прилеп и во НУЦК „Марко Цепенков“.

– Театарската уметност е одлика на јавната свест, националната култура и огледало на животот на народот. Момент што се случува сега и овде и кој те тера да реагираш. Театарот е креативна продукција. За да можеме во целост да го преведеме зборот театар, ќе треба да кажеме дека тој е спектакл. Театарот е посебно место. Тука се фрлате во светот на детството, безгрижноста и радоста. За да може да има театар, мора да има публика. Дојдете да се забавуваме на четвртото издание на „Силјан Штркот“ – театарски фестивал за деца – порачуваат од организацискиот одбор на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Прилеп: Нема новозаболени, ниту новооздравени

Во Кривогаштани инфо средба за окрупнување на земјоделското земјиште

Гордана Цветаноска

Изложба ,Еврејски приказни од Битола, Сплит, Сараево, Дубровник и Белград

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе