20.4 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Советот на Општина Прилеп утре ќе ја одржи 27 та седница

Советот на Општина Прилеп, утре,среда, 31.05.2023 година со почеток во 12:00 часот ќе ја одржи редовна 27-ма седница. Пред советниците се 11 точки на дневниот ред за предлог одлуки кои се однесуваат од различни сфери на работата на локалната самоуправа и јавните претпријатија во општината. Советот ќе одлучува за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на стапката на данок на имот на земјоделско земјиште кое не се користи за земјоделско производство.

И оваа година Општина Прилеп ќе распишува јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на велосипеди, а советниците ќе го определуваат максималниот износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоците.

Од работата на јавните претпријатија ќе се утврдуваат предлог одлуките за согласност за тримесечните извештаи за финансиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација“, на ЈКП ,,Комуналец “,ЈКП ,,Пазари“, ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески’’ Платник-Прилеп, установа која со предлог решение треба да бидат именувани членови на Органот за надзор.

Советниците на утрешната седница ќе одлучуваат по предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за формирање на комисија за статут и прописи. Доколку советниците дадат зелено светло на 27 та седница, 30 деца Роми што се во социјален ризик, на возраст од три до шест години за учебната 2022-2023 година, во рамките на проектот ,, Инклузија на деца Роми во предучилишно образование во ЈОУДГ ,,Наша иднина ‘’-Прилеп, ќе бидат ослободени од партиципација.

Би можело да ве интересира

Прилеп: Еден новозаразен од корона, 16 оздравени

Гордана Цветаноска

Жељко Јоксимовиќ на третата вечер од Пивофест

Гордана Цветаноска

Пунктот е отворен за донации за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе