8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

„Велигденски панаѓур“ в четврток во ООУ „Кире Гаврилоски“

ООУ „Кире Гаврилоски Јане“, традиционално и оваа година се вклучува во претпразничните активности по повод најголемиот православен празник Велигден. Во кругот на училиштетото колективот заедно со родителите, и најважно со учениците организира „Велигденски панаѓур“ каде посетителите ќе имаат можност да видат, да набават креации, изработки, храна, приготвени од вредните детски раце во духот на празникот. Панаѓурот започнува в четврток на 13 ти април од 11 часот претпадне и ќе трае неколку часа.

 Во пресрет сме на големиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение. Тоа е празник над празниците, празник на светлината, љубовта, верата, надежта, спокојот, мирот, празник кој сите го очекуваме и си посакуваме здравје и бериќет. Чествувајќи го големиот христијански празник нашето училиште организира „Велигденски панаѓур“ во четврток 13 април во 11 ч. во училишниот двор. Ќе ни биде чест доколку и Вие присуствувате на нашиот „Велигденски панаѓур“ кој што традиционално го организираме секоја година.

Би можело да ве интересира

Што е тоа жена? (What is a Woman?)

Елизабета Филипоска

Проданоски: Прилеп бил и ќе биде градот херој, предвесник на новите промени!

Состојбата се стабилизира – се затвораат дел од Ковид центрите во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе