12.8 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Ресорната министерка ќе прави увид на детската градинка во Точила

За текот на градежните активности, на објектот од новата градинка во населбата Точила, утре, 12 ти април, среда, ќе биде направен увид  од страна на надлежното министерството, односно од Јованка Тренчевска,  министерка за труд и социјална политика, како и од Борче Јовчески, градоначалник на општина Прилеп.  Според најавата од ресорното министерство по извршениот увид, планирани се изјави за јавноста.

„Ве известуваме дека на ден 12.04.2023 година (средасо почеток во 12.30 часот ќе биде направен увид на објектот на градинката во Општина Прилеп во населбата Точила ул. „Димче Антулески“од страна на Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески,“ стои во соопштението за медиуми од Министерството за труд и социјална политика.

Камен темелникот за објектот беше поставен во април 2021 година кога првичното ветување од претходната локална власт беше дека Прилеп за 7 месеци ќе добие нова детска градинка со капацитет за 252 деца. Според првичните најави градинката треба да биде модерен енергетски ефикасен – самоодржлив објект прилагоден на современите стандарди за вакви установи.

Би можело да ве интересира

„Гласам, значи постојам“- Цивил во Прилеп, Битола и Могила

Елизабета Филипоска

Ковачевски: Средствата за тутунарите се обезбедени – веднаш да се закаже седница на Комисијата за земјоделство!

Гордана Цветаноска

Во Прилеп одбележани годишнините од смртта на Гоце Делчев, Пере Тошев и Јосип Броз – Тито

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе