16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Чупетрески: Редот и безбедноста се најважни во јавниот превоз

За автобуски превоз од Прилеп кон другите градови купувањето на билети е по електронски пат. Автобуската станица Прилеп воведе електронски систем за купување на билети за автобуски превоз во чекор со современите трендови и потреби. Постапката е едноставна при набавката на автобуските билети, слично како при плаќањето преку интернет. На интернет страната на Автобуската страницаhttp://www.avtobuskaprilep.eu.mk/  истакнат е возниот ред и интернет билетара. По проверка на возниот ред, со избор на копчето „купи билет“ по елетронски пат, безбедно се врши наплатата на билетот, а најлесен пат е со скенирање на QR кодот: 

Со Борче Чупетрески на тема јавен превоз, каква е состојбата со автобускиот јавен превоз во Македонија, модернизацијата во овој сектор; каква е битката со нелојалната конкуренција – „дивите“ превозници;  постои ли соработка со министерство за транспорт и врски :

„Дури 50 % од јавниот превоз отпаѓа на „диви“ превозници. Со тоа граѓаните се изложени на небезбеден автобуски и такси превоз, а државата губи бидејќи тоа се нерегистрирани превозници,  без соодветни дозволи за превоз на патници.  Како една од 25 те автобуски станици во Македонија секојдневно се бориме со оваа појава,  а нелојалната конкуренција е присутна и во потсекторот железнички патен сообраќај. Не може државата да субвенционира железнички патен сообраќај, а да не го прави тоа за автобускиот јавен превоз, вели Чупетрески, менаџер на Автобуска станица Прилеп.

ЗА ВАС! Следете ги информациите и на интернет радиото од РАДИО ПЕЛА https://live.mkdstream.com/public/radiope секој работен ден за најновите случувања од Пелагонија во ударните вести „Пелагониска хроника“ во 16,30 часот

ВЕСТИ:  6,30, 09,00 , 14,30 ,16,30, 19,30

 

Би можело да ве интересира

На Плетварското езерце и оваа година ќе се полага Светиот крст за Водици

Пела Редакција

Избоден затвореник во прилепскиот затвор

Пела Редакција

Земотрес во Албанија почувстуван и во Македонија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе