16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

(Видео) ОБИЧАЈ: Плетење и поставување венец за Иванден во манастирот Св. Јован Крстител (Маркова Чешма)

Денот на раѓањето на Свети Јован Крстител, ИВАНДЕН,  е и празник на девојките, а цвеќето, се смета дека има волшебна моќ.

Во очи празникот жените плетат венчиња од цвеќе и навечер ги ставаат пред влезната врата. Ако венец од иванското цвеќе осамне на празникот пред куќата, се верува дека семејството ќе го заштити од сите тешкотии.

Обичаите за Плетење и поставување венец за Иванден се одржаа и во  манастирот Св. Јован Крстител (Маркова Чешма)

На Иванден се плетат венци од ивано-цвеќе и со нив се китат просториите. Со плетењето на венците се сака да се каже дека природата во својот развој дошла до највисоката точка (средина на летото) и дека со тоа природата се овенчува. Тие венци воедно ги потсетуваат младите да размислуваат за свадбени венци. Девојките во венецот ставаат црвена роза. Се смета дека Иванден е толку голем празник што Сонцето на тој ден застанува три пати.


Цвеќето се бере за овој празник, бидејќи луѓето веруваат дека има поддршка од небото. Забележано е верување дека низ венците од сплетена јованова трева, на Иванден се провлекувале жените и момчињата кои немале пород.


Се капеле во вода во река за таа да ги однесе уроците, болеста и злите намери. Ако жената неколку пати неуспешно забременила на овој ден посетувала лица со име Станка или Стана, ако тие биле повеќе одела во секоја куќа, земале снопчиња трева од венецот и правеле свој венец. Со него на глава се капеле во реката и верувале дека ќе им успее следната бременост.

Се верува дека жените кои не можат да родат треба да се провлечат низ венецот од јованова трева, а потоа да се избањаат во река, како од себе би си го измила урокот.

ЗА ВАС! Следете ги информациите и на интернет радиото од РАДИО ПЕЛА https://live.mkdstream.com/public/radiope секој работен ден за најновите случувања од Пелагонија во ударните вести „Пелагониска хроника“ во 16,30 часот

ВЕСТИ:  6,30, 09,00 , 14,30 ,16,30, 19,30

Би можело да ве интересира

За Водици крстот во Прилеп ќе се фрла во водите на базенот во црквата Св.Благовештение

Елизабета Филипоска

Сеќавање на прилепчанецот Илија Милчин – 22 години без еден од најголемите македонски актери и режисери

Пела Редакција

“Преродба„ во “Брза Кујна„ – Кој на кога му го „забибери“ јадењето?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе