10.5 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО) Пензионерите протестираа и побараа отчет

Прилепските пензионери и денеска протестираа. Блокирана беше улицата Прилепски бранители пред Фондот за пензионско осигурување, каде претставници од Иницијативниот одбор за протестите имале средба со раководителот на подрачната единица. Тие на средбата побарале отчет за паричните средства кои пензионерите секој месец ги оддвојуваат за членарина во Здружението на пензионери, но и за Солидарниот фонд. Воедно бараат начин како да се изземат од плаќање за членарина, бидејќи како што велат „не сакаат да финансираат екскурзии,“ а здружението нема пари да им овозможи бесплатни автобуси за присуство на протести. Одговорот за ваквото барање ќе го добијат наредниве денови. Протестите продолжуваат и наредната недела.

Би можело да ве интересира

Започнува етапната исплата на пензиите

Неколку улици ќе останат без струја

Пела Редакција

Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ во борба против насилството врз жените и девојките

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе