9.3 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

И годинава 6000 денари за новороденче во Општина Прилеп

И, годинава Општина Прилеп одлучи да ја продолжи мерката за доделување на еднократна парична помош  за секое новороденче во општината. Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески на својата ФБ страна напиша дека и  2024 година продолжуваат со доделување на еднократна парична помош од 6.000 денари за секое новороденче во општина Прилеп.

„За прв пат започнавме со реализација на овој проект од 01.01.2022, врз основа на нашето дадено ветување во предизборната програма за што подоцна беше донесена и „Програма за доделување на еднократна парична помош за секое новородено дете“ која што беше изгласана во Советот на Општина Прилеп. Ќе продолжиме со вакви проекти да помагаме и да имаме позитивно влијание како Локална самоуправа за сите наши сограѓани“  напиша Јовчески.

Минатата година едократна парична помош за новордоенче им беше доделни на околу 600 семејства, а за оваа мерка од Буџетот на Општина Прилеп биле издвонеи 3,6 милиони денари.

 

Би можело да ве интересира

По 14-ти пат се одржува манифестацијата “Медот и пчелните производи – инвестиција во вашето здравје” (ВИДЕО +ФОТО)

Никола Димески

Со љубов засадената шумичка кај Селце им се спротивстави и на пожарите и на сушата

Пела Редакција

Советот на општина Прилеп ја одржа 10 тата седница

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе