16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Исклучителен гест на проф. Дуртаноски за поврзување на македонскиот и летонскиот народ

Денеска во претседателската палата во Рига, македонскиот краснописец и професор по христијанска палеографија Георги Гоце Дуртаноски имаше прием кај летонскиот претседател Егилс Левиц при што му беше предадена краснописна верзија од Преамбулата на летонскиот Устав за претседателскиот кабинет по повод прогласувањето на 2023 година, како година на ливонскиот јазик и култура како и 100-годишнината од усвојувањето на првиот Устав на Летонија.

Имено, ова беше средба на меѓу двајцата автори на Преамбулата бидејќи претседателот Левиц е автор на актуелната верзија на летонскиот устав, а Дуртаноски го изработи калиграфскиот транскрипт за првпат во историјата на летонската држава бидејќи досега се познати (постојат) само печатени верзии.

„Во оваа уметничка креација се наоѓа целата колективна меморија и вековниот стремеж на летонскиот народ за државност“ – истакна Дуртаноски во инаугуративниот говор и додаде дека конечно краснописно/рачно напишаната Преамбула стигна таму каде е нејзиниот дом- во кабинетот на претседателот на Летонија.

„Со големо воодушевување го примам овој уникатен подарок кој од денеска натаму ќе биде дел од претседателската палата, на мојот кабинет и на било кој претседател во иднина“ – рече претседателот Левиц во поздравното обраќање упатено кон Дуртаноски и подвлече дека „гестот на еден ‘странец‘ да ја напише преамбулата е за почит и важен сегмент за поврзување на народите на европскиот континент.“

Дуртаноски беше придружуван од ректорот на Европската христијанска академија проф.Скаидрите Гутмане која зборуваше за наставните програми на Академијата, меѓународно вмрежување на институции кои ги негуваат христијанските вредности и поголема инволвираност на наставен кадар од други земји со цел обезбедување поквалитетно образование за идните генерации.

Проф. Георги Гоце Дуртаноски е македонски краснописец и директор на Центарот за ракописни студии при Европската христијанска академија во Рига каде предава неколку предмети по христијанска палеографија и активен лобист за Македонија преку концептот на дипломатија водена од граѓани.

 

Што е напишано во Преамбулата на летонскиот Устав?

Би можело да ве интересира

Сугарески демантира!

Пела Редакција

Концерти и изложба по повод Осми март

Пела Редакција

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со вонреден инспекциски надзор во прилепската болница

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе