23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Пронајдена граната во прилепско од Првата светска војна

Вчера околу 10.00 часот во ОВР Прилеп, 73-годишниот Б.Н. од Прилеп пријавил дека во неговата нива на место викано Долно Садово, прилепско, пронашол артилериска граната калибар 75 мм и едно панцирно зрно од Првата светска војна, извести МВР. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка. Увид бил извршен.

Полицијата исто така извести дека вчера во 10.04 часот во СВР Битола било пријавено дека при изведување градежни работи на улицата „Димитар Илиевски Мурато“ во Битола биле пронајдени две рачни гранати калибар 60 мм од Првата светска војна.

Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивните направи биле подигнати за понатамошна постапка. Увид бил извршен, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Oд полноќ изборен молк

Прва средба на градоначалникот Јованоски со синдикалната организација на „Еурокомпозит “

Прилепски средношколец се претставувал како наставник и ги координирал другите наставници

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе