9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Нови дојави за бомби во 2 основни училишта во Прилеп

На електронските адреси на осум училишта во Скопје и две во Прилеп утрово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Во тек е безбедно евакуирање на објектите и се спроведуваат антитерористички проверки за расчистување на случаите, информира Министерството за внатрешни работи.

Денеска (20.02.2023) до 09:30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 8 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, се вели во соопштението на МВР.

Дојави за бомби имаше и минатата недела во 5  прилепски основни училишта. Според информациите на МВР досега, сите дојави за бомби се лажни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова цистерна за миење на улиците доби ЈКП Комуналец Прилеп

Гордана Цветаноска

Левица во герила акција на Могилата на непобедените (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Дали во Прилеп се појави британската мутација на корона вирусот?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе