17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Од Прилеп за Скопје и обратно само еден воз дневно

Се намалуваат линиите со воз од главниот град кон ( Прилеп) Битола. Возовите од Скопје кон Битола и обратно, ќе сообраќаат само еднаш дневно. Ова ќе стапи на сила од среда.

Од 25 октомври се укинуваат по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје.
Патниците од среда  ќе користат само возовите кои ќе поаѓаат од Скопје во 14:30 часот и во 03:13 часот, од Битола кон Скопје.
Железници на нивната официјална страна без да наведат подетални информации објавија дека овие измени ќе важат до нивно отповикување.
Македонија не може да се пофали со конфорен и брз железнички сообраќај. И во минатото често се случувале да има прекини, расипување на возот по пат, односно патувањето до Битола се случуваше да трае со часови.

Би можело да ве интересира

Без организиран превоз останаа учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп

Гордана Цветаноска

Ја уценувал поранешната партнерка, изнудил над 500 000 денари

Пела Редакција

Идната недела вториот јавен повик за финансиска поддршка на општините за инфраструктурни проект

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе