16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Пристигна опремата за младинските фудбалски школи, донација од Австралиско – Македонското друштво „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј

Пристигна донацијата од спортски  реквизити и опрема за младинските фудбалски школи во Прилеп,   подарок од прилепските  иселеници кои подолг период живеат во Сиднеј, Автралија и кои членуваат и се здружени во АвстралискоМакедонско друштво „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј. Ова донација е трета по ред од ваков тип, а овој пат е наменета за младите фудбалски спортисти во Прилеп. „Прилеп е спортски град “, велат иселениците,  “а, нам ни е чест и гордост што ваквите донации ги добиваат младите кои сакаат да спортуваат.„

Соработката помеѓу Општина Прилеп и Австралиско – Македонското друштво „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј, трае повеќе од една година, преку советникот за млади Гоце Бумбароски. „Ова е одлична можност“ вели Бумбароски „да се негуваат ваквите релации со дијаспората, која им помага на млада популација во Прилеп. Преку спортот таа помош е највпечатлива„.

Опремата вклучува неколку комплети дресови, шушкавци, дрес маркери, топки, степери, мрежи, скали за вежбање, фитнес топки, ролери, ластици, јажиња, мрежи за топки, тркала и други реквизит, важни за учење на фудбалские вештини.

Со донацијата, велат од македонското – прилепско здружение од Австралија, „Методија Андонов -Ченто„ сакавме да дадеме мал придонес за нашата татковина, за нашиот град, да израдуваме многу деца од Прилеп кои тренираат фудбалот.

Минатата година, ова друштво донираше опрема за основните училишта во општина Прилеп,  во износ од 5000 долари (печатари, телевизори, топки, тримери за трева, поликолор, нагледни средства за ученици со посебни образовни потреби), и околу 500 фудбалски дресови кои ги добија прилепски дечиња, спортисти од разни клубови.

Ваквите акции ќе продолжат во наредниот период (ќе следи донација за другите спортски клубови – ракомет, одбојка, тенис и сл), велат од Австралиско – Македонското друштво „Методија Андонов – Ченто„ од  Сиднеј, Австралија, кои се радосни што нивната донација ги радува децата спортисти во Прилеп

Би можело да ве интересира

Јакимовска: „Комфи Ангел“ има капацитет за производство на 200.000 парчиња заштитни маски.

Прва фаза адултицидна дезинсекција за уништување на комарци

Левица во герила акција на Могилата на непобедените (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе