16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Отворена изложбата “Креации од ноќта-уметност инспирирана од соништата”

Во ликовната галерија во Прилеп беше отворена изложбата “Креации од ноќта-уметност инспирирана од соништата”, на која со свои дела се претставија 15 уметници,членови на ДЛУП и тоа:Анита Сотироска, Бојана А.Трпческа, Ферди Булут, Александар Џинго, Методија Исков, Лепа Милошевска, Маја Р.Миладиновски, Дарко Талески, Елена Димоска, Верче Николоска, Александра Богоеска, Викторија Димеска, Филип Јовески, Марта Макеска и Емил Солески.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, која истакна дека симболиката на сонот служела за одгатнување на психичката активност на потсвеста и начинот на којашто влијаела врз однесувањето на поединецот во секојдневието.

„Особен предизвик и инспирација за група современи уметници, односно членови на ДЛУП Прилеп е токму сонот. Имајќи ги во предвид нивните основни концепти и принципи, уметниците/учесници создадоа дела од сопствениот уметнички афинитет и со помош на различни техники и материјали“ – нагласи Димеска на отворањета на изложбата

Би можело да ве интересира

Акатист пред чудотворната икона на Св. Никодим Тисмански-Прилепски

Елизабета Филипоска

Прилeпската библиотека од денеска е отворена за читателите, но со одредени мерки на заштита

Елизабета Филипоска

Двајца пелагониски уметници Ферди Булут и Александар Џинго подготвуваат изложба во Тетово

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе