9.3 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

Прилепски “лудории“ со полициски интервенции

Момче, моторциклист со тешки повреди, го удрила „мазда„, медицинска сестра нападната на работа од сопругот кој дури фрлал и предмети од амбулантата при нападаот;  застанал па тргнал со возилото, и ги повредил полициските службеници кои го запреле – таков е полицискиот билтен од вчерашниот ден во Прилеп.

И, ова се случува: На 12.07.2024 околу 16.00 часот во Прилеп, на крстосница на ул. „Прилепски бранители“ и булевар „Гоце Делчев“ полициски службеници запреле патничко моторно возило  „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управувано од  Д.Н. од Прилеп, но кога се приближиле до возилото, Д.Н. го стартувал возилото и при тоа ги повлекол двајцата полициски службеници, при што им нанел телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Синоќа во првиот утринсли час  (13.07.2024) во 01.00 часот во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека на крстосница од ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Цане Кузманоски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“, управувано од Д.П.(34) од Прилеп и мотоцикл управуван од В.М.(18) од с.Беровци, прилепско, двете возила со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

А, истот ден нападната медицинска сестра . На 12.07.2024 во 18.20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во медицинска амбуланта во Прилеп медицинска сестра била физички нападната од нејзиниот сопруг П.К., кој фрлал и предмети од амбулантата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СЦР Битола.

Би можело да ве интересира

Пронајдена е Вања, мртва во околината на Скопје

Пела Редакција

Семејното насилство се’ почесто

Приведен Прилепчанец во чии дом е пронајдена дрога

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе