26.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Приведен Прилепчанец во чии дом е пронајдена дрога

Притворен е 43 прилепчанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори . Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка.

Врз основа на наредба издадена од Основниот суд Прилеп, во домот на осомничениот,вчера, на 13 ноември, бил извршен претрес при што била пронајдена  дрога која осомничениот ја држел неовластено заради продажба. Пронајдената дрога хашиш во количина од 364,4 грама, била спакувана во транспарентна ПВЦ фолија, завиткана во ткаенина и скриена во помошни простории до домот на осомничениот.

Против осомничениот, надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена.

Преземено од press24

Би можело да ве интересира

Полицијата апелира да не се палат стрништа, поднесени 8 кривични пријави

Син го запалил татка си при семејна расправија

Син го избодел татка си до смрт

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе